Пандемијата со коронавирусот дефинитивно ја растресе естрада и тоа не само кај нас, туку и насекаде низ светот. Некои пејачи не се загрижени, брзо се снаоѓаат и наоѓаат друга работа, нормално доколку тоа има смисла. Па, така пејачката ѕвезда Зорица Брунцлик која дрмаше низ целата естрада (ја споредуваат со Лејди Гага поради начинот на облекување), реши да пресече, да ја напушти естрадата, барем сега-засега. Ќе биде јутјуберка!

-Работа на естрада нема, свадби немам, настапи имам само толку колку да не заборавам да пеам. Со оглед на тоа, заработувачката е крајно мизерна. Во такви лоши околности не сакам да сум веќе на естрадата. Ќе чекам подобри времиња. За тоа време ќе ме има на Јутјуб-каналот со мојата авторска новинарска емисија „Брунчликовање“.

– Убаво го дизајниравме целиот проект. Ќе има приказни и песни, сè е многу интересно. Којзнае, можеби некоја телевизија ќе се заинтересира и ќе го купи моето шоу, оптимистички вели пејачката, која поради корона пречката да настапува како порано, реши сега да се испроба како јутјуберка и од тоа да заработува пари, додека не дојдат подобри денови за пејачите.  Д.М.