Балканот „ќе гори“ – метереолозите предивидуваат уште едно пеколно жешко лето

2046

Најпознатиот светски метереолошки сервис AccuWeather ја објави прогнозата за летово за цела Европа. Во неа се наведува дека Португалија, Шпанија и Италија ги очекуваат врели периоди со големи „тепературни подеми и падови“ во текот на целата сезона.

Секој топлотен бран на тоа подрачје ќе трае една или две седмици и ќе го карактеризираат рекордно високи температури. Но, тие топлотни периоди ќе бидат прекинувани со спори олујни врнежи кои ќе донесат пад на температурите.

Јужниот дел на Европа и Балканот летово исто така ќе биде погоден од жешки периоди со рекордно високи температури и со повремени налети на бури. Слично како и минатото лето, во градовите на поголем дел од Балканот и летово  ги очекуваат бројни денови со температури над 32 Целзиусови степени.

Врелите периоди ќе бидат пропратени со суши, иако оваа година тие би требало да бидат во поблаг облик во однос на 2021.

Во втората половина од летото, метереолозите најавуваат повеќе нестабилни периоди со грмежи и со невреме. Но тие нема да бидат доволно раширени за да ги прекинат проблемите што ќе бидат предизвикани од сушниот период.

Од AccuWeather наведуваат дека грмежите и обилните дождови може да бидат и меч со две острици, бидејќи од една страна донекаде ќе го ублажат периодот на суша, но од друга страна ќе предизвикаат временски неприлики, вклучително и бури кои би можеле да ги оштетат посевите со пченка и со пченица.