Оваа колумна има за цел да даде непобитен аргумент во корист на хипотезата дека полуостровот кој денеска е познат како Балкански, претставува духовен и културен центар на Светската цивилизација, исто како што бил и во голем дел од минатото…

На кои принципи и законитости функционира езотериското јадро на светската влада? Како можеме да ги препознаеме процесите што се одвиваат во нашето опкружување и дали можеме да влијаеме на истите? Дали конфликтите од воен карактер како феномен се неопходни во процесот на еволуција на човештвото? И најпосле, каде лежи решението за конечна разврска на настаните, објаснети преку некои основни физички експерименти и законитости кои се лесно воочливи и логички издржани?

Оваа колумна има за цел да даде непобитен аргумент во корист на хипотезата дека полуостровот кој денеска е познат како Балкански, претставува духовен и културен центар на Светската цивилизација, исто како што бил и во голем дел од минатото. Мојот учител, Велимир Абрамовиќ, преку едноставен пример со два магнети успеа да претстави како ќе изгледа конечната разврска на светските процеси. Па, еве ќе го цитирам на кратко. Тој вели: „Јас размислував многу едноставно. Најпрвин погледнав на картата, па на глобусот. На двете проекции се гледа која е најголемата држава на Светот, а тоа е Русија. Најголемата држава сигурно има политика која е најзначајна на Планетата. По тоа прашање не може да има никаков спор. Најпрвин гледам што е интересот на руската политика, па што е вистинската причина за таа политика, па извлечам последица, и на тој начин сум во состојба многу лесно да предвидам сѐ друго. А, дури потоа гледам што прави Западот кој што е реактивен. Акцијата доаѓа од Истокот, а реакцијата следува од Западот. Па, и сонцето изгрева на Истокот, сѐ се поклопува со природата. Но, постои механизмот кој што е скриен од луѓето, а тоа е механизмот на магнетскиот монопол кој што се применува во езотериската (тајна) политика. Па, да речеме, да земеме еден магнет. Тој има северен и јужен пол. Па после да земеме уште еден ист таков магнет. Сега имаме два исти магнети. Кога ќе се доближат јужниот пол од едниот магнет и северниот пол од другиот магнет, тие ќе се привлечат. Но, доколку го превртам едниот магнет, во тој случај истите ќе се одбиваат затоа што ќе бидат свртени со истиот пол. А, КАКО ДА НАПРАВИТЕ ДА СЕ СПОЈАТ?! РЕШЕНИЕТО е доколку вметнете мало обично парче метал помеѓу овие два магнети кое не е намагнетизирано. Во истиот момент, двата магнети ќе се спојат, и со тоа се создава магнетски МОНОПОЛ така што надворешните делови на магнетите ќе го претставуваат северниот пол, а внатрешниот дел на магнетите каде што се спојуваат со малиот метал ќе го претставуваат јужниот пол. Тоа е начинот на кој функционира политичката езотерија.“

Она што професорот сака да каже е дека магнетскиот монопол претставува спрега помеѓу две спротивставени страни кои се одбиваат меѓусебно, исто како што е руската и американската страна. Со мала тампон зона (а тоа е Балканот), овие полови кои се одбиваат може да ги претворите во еден ист пол. „Тоа го знаат езотериските друштва, а се крие од физичарите“, ќе додаде професорот.

Што покажува овој мал експеримент? Покрај тоа што дава одговор на тоа како се владее со светот, ни го дава и излезот од решението на оваа криза со која се соочува целиот свет.

Суштината е во новата цивилизација која се оформува во моментите што ги живеме последните година дена. Преку хаос и привидна безнадежност, се доаѓа до нов квалитет, така одредиле езотериските друштва. Крајниот продукт е НОВАТА ЦИВИЛИЗАЦИЈА ТЕСЛИАНА која ќе биде планетарно општество каде што ќе се почитува иднивидуалноста на човекот како фрагмент од БОГ/УНИВЕРЗУМОТ/УНИВЕРЗАЛНОТО ЕДНО, и неговите природно загарантирани и универзални божји права.

Ние како староседелци на овој полуостров поседуваме потенцијал за критичка анализа на сите светски процеси. Истите умееме да ги прифатиме или одбиеме, исто како што функционира магнетот. Единствено балканскиот разум е оној кој е во состојба да каже ДА и НЕ и да пристапи во суштинско решавање на одреден проблем, па така и на проблемот со кој се соочува светот во овој момент. Од Балканот потекнуваат голем број светски научници кои што дале непобитен придонес за Светската цивилизација. Меѓу нив се вбројува и НИКОЛА ТЕСЛА, човекот кој ја одреди иднината на човештвото. РЕШЕНИЕТО лежи во нас, балканските народи, кои го нудиме моделот на ТЕСЛИАНСТВОТО, преку технологијата на Никола Тесла и неговата етика и морал. Повторно од Балканот ќе следува новиот проект на светско уредување кој конечно треба да биде во хармонија со природата. Тоа е проект базиран на солидарност, соработка и ВИСТИНСКА НАУКА која ќе биде ширена од секој просветител (наставник, професор или слободоУМен научник и истражувач). Овој полуостров го претставува центарот на некогашната Винчанска цивилизација од пред 9.000 години која претставувала родовско уредена заедница на слободни и среќни луѓе. Истиот проект, овој пат појачан со Теслината технологија треба да доживее своја обнова. Човекот како аналогно битие, треба да најде најадекватен пристап за да може да владее во новата дигитална ера, а не обратно.

Пред да завршам, сакам да го напоменам и следното. Еве уште една мала споредба која е доволно јасна за да се сфати поентата на оваа колумна. Дијамантите се брусат на најголема температура и под најголем притисок. Пренесено на денешнава состојба, оние поединци кои што ќе го издржат овој притисок и ќе овозможат излез од оваа ситуација, ќе имаат кристална структура на духот. А, тој дух ќе ги воспостави темелите на новиот свет.

Д-р Стојан Трошански, теслолог