Балканот да се подготви за катастрофи предупредува УНИЦЕФ

148

До крајот на 21 век на Балканот може да се очекува зголемен интензитет на неочекувани поплави, суши и топлотни бранови, се наведува во Извештај на Детскиот фонд на ОН (УНИЦЕФ).

Според оваа Агенција на ОН, ваквите појави ќе имаат негативни последици врз економскиот раст на земјите од регионот и врз повеќе стопански гранки, но и врз егзистенцијата на населението.

Авторите на извештајот сметаат дека климатските промени и зголемента изложеност на природни и вештачки опасности, дополнително ќе го оптоварува општествено-економскиот развој на државите од Балканот.

УНИЦЕФ посочува дека трендот на зачестеност на појавите на елементрани непогоди, не поттикнал развој на соодветен пристап за справување со катастрофите предизвикани од климатските промени.

– Последиците од елементарните непогоди би можеле да бидат катастрофални, се заклучува во изветајот на УНИЦЕФ.