Легендарниот хрватски ракометар Ивано Балиќ е назаначен за помошник на новиот селектор на хрватскиот национален тим Хрвоје Хорват. Тој е назначен на барање на селекторот Хорват и би требало да допринесе за развој на репрезентацијата. Освен помошник, назначен е и тренер на голмани, а тоа е Нино Павелиќ кој работел како тренер на голманите во Нексе.

Балиќ имаше многу богата играчка кариера, а сега полека влегува и во тренерската работа. Најголемите успеси ги постигна во тимовите од Шпанија, Портланд Сан Антонио и Атлетико Мадрид, а уште играше и во Бродомеркур, Метковиќ, Загреб и Вецлар.

По неуспехот на репрезнтацацијата да се квалификациите за Олимписки игри селекторот одлучи да направи неколку освежувања во тимот.