Балетска претстава „Жизел“ од Адолф Адам во НОБ

69

Во Националната опера и балет (НОБ) вечер ќе биде изведена балетската претстава „Жизел“ од францускиот композитор Адолф Адам.

Станува збор за магичната и безвременска приказна за несреќната љубов, преточена во музиката на Адолф Адам, а во кореографија на Жан Корали, Жил Перо, Мариус Петипа и Леонид Лавровски.

Претставата е под диригентство на Иван Еминовиќ, а костимографијата е на Александар Ношпал. Сценографијата е на Александар Ношпал и Михајло Стојановски, а за светло дизајн задолжен е Милчо Александров.

Адаптацијата на кореографијата е на Ирена Пасариќ од Хрватска.

Во главните улоги настапуваат Мими Поп Алексова Атанасовска и Васил Чичиашвили од Грузија, Игор Веланоски, Илијана Данилов, Христина Наќевска, Ендру Кук од Англија.

Настапува оркестарот и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет.