Стотици мажи танчари со собраа во петокот на Тајмс сквер во Њујорк во знак на поддршка на малечкиот принц Џорџ, со кого минатата недела една американска водителка се подбиваше оти оди на часови по балет.

Балетаните на дело и одговорија на водителката Лара Спенсер, која ја води емисијата „Добро утро, Америка“ и која минатата недела рече: „Принцот Вилијам вели дека Џорџ апсолутно обожува балет. Јас да ти кажам, принцу Вилијам: баш да видиме колку долго ќе потрае тоа“.

Многу познати кореографи ја осудија оваа изјава, па Спенсер беше принудена да се извинува.

Изјавата на Спенсер предизвика огромна реакција на Твитер, а неколкумина познати танчари објавија видеа со хаштаг #BoysDanceToo (И момчињата танцуват).

Тревис Вол, познат кореограф му порача на принцот Џорџ: „И момчињата танцуваат. Не го слушај потсмевањето, а може да станеш успешен ако навистина вредно работиш“.
Бет Акројд, дипломирана балерина вели: „Фактот што не само што едно мало момче учи балет, туку и целата уметничка форма беше изложена на подбив во живо на национална телевизија е за срамота. Би можела да ви набројам многу ментални, физички и општествени придобивки од балетот, ама сега сме 2019 година и не морам да го правам тоа“.