Ѓорѓе Балашевиќ легенда на балканската музичка сцена има тетоважа на својата лева рака уште од 1999 година, а тоа е глувчето Амос. Тетоважата е направена за да ја исполни желбата на својата ќерка Јелена, која во тоа време беше на работ на смртта, после сообраќајна несреќа поради која едно долго време стана неподвижна.Сликата ја сподели со своите фанови и пријатели.

Покрај тетоважата, новосадскиот кантавторот ја избрича и главата, само поради ќерката.

„Јас не сакам тетоважи но, кога Јелена доживеа сериозна сообраќајна несреќа, настана голема борба за нејзиниот живот. Сите во нашето семејство ветивме дека секој од нас поединечно ќе стори нешто што таа би сакала. Така и јас ја направив таа тетоважа и ја избричив главата.

„Кога тату-мајсторот ме виде, ме праша дали сум ОК? Па, на тие мои години, мислам, што да каже човекот….Не му беше воопшто јасно од каде ми е идејата јас да се тетовирам. Долго време ги избирав тетоважите од змии, ламји, па се до малото глувче Амос. Така да најпосле се одлучив за глушецот, а тој глушец има врска со мојата семејна приказна, има посебно значење во моето семејство, раскажа популарниот Новосаѓанец. (Д.М.)