Компанијата „Compass Pools“ го претстави концептот за изградба на четириаголен „бесконечен базен“ кој ќе биде конструиран на врвот на небодер во Лондон и до кој ќе се доаѓа низ специјален премин низ вода. Потфатот се вика „Infinity London“.

Се планира базенот да биде изграден на врвот на небодер висок 220 метри.

Базенот како вистинска атракција ќе се полни со 600.000 литри вода и ќе биде заграден со проѕирни ѕидови. Дното на базенот исто така ќе биде проѕирно, а уживањето на посетителите ќе биде уште поголемо бидејќи се планира, низ водата на базенот да се прекршуваат светла со различни бои.

Планот е „Инфинити Лондон“, како хотел со пет ѕвезди да го заземе највисокиот кат на еден небодер, но сепак локацијата се уште не е одредена.