Таков е животот. Некој мора, но и секако дека сака да си го слави денот на раѓањето, а својот Ден својот роденден, пред само некој ден го прослави Благоја Грујовски македонската фолк-ѕвезда.                                                                                        Во друштво на пријателите, роднините, соработниците, но и во друштвото на своите верни колешки и друшки, Ирена Спировска и Адријана Алачки, Баже супер-маже, како што нагалено го ословуваат, славеше 59 години.                                                          И шампањското беше отворено! Се наздрави за здравје, успех, работа, љубов, среќа…..

Пред се Баже го направи тоа со Ирена и Адријана, секако затоа што е дел од оваа тројка која цело лето ја работи гледаната фолк емисија “Везилка“ на ТВ Алфа.          Па и сега додека наздравуваше, тоа беше работно за Благоја. Ем работно, ем славенички. Се во едно, за многу години!                                                                   А, до година за јубилејниот 60. роденден, Баже вети голема роденденска фешта за која ќе зборува Балканот.

Фото-текст: Дуле Миќиќ

(Забрането е копирање и објавување на овие фотографии на другите Портали)