Баер Леверкузен го донесе во своите редови холандскиот репрезентативец Тимоти Фосу – Менсах од водечката екипа во Премиерлигата Манчестер Јунајтед, соопшти бундеслигашот.
Според медиумските извештаи, Баер за 23-годишниот десен бек издвоил 1.7 милиони евра. Фосу-Менсах имаше договор со Манчестер Јунајтед до крајот на сезоната, а со бундеслигашот од Леверкузен потпиша договор до јуни 2024 година.