Баерн (M) започна преговори со Сане

99

Германскиот гигант Баерн (М) веќе започна преговори со ѕвездата на Манчестер Сити, Лерој Сане, пишува „Скај“.

Интересот на Баварците за германскиот репрезентативец е познат подолго време, но во последниве недели има извештаи дека фудбалерот не сака да го засили Баерн (М).

За првпат, шампионот на Бундеслигата контактирал со агентите на Сане и се преговарало за неговите лични барања. Сето ова е направено со дозвола од „граѓаните“ кои немаат ништо против евентуалниот трансфер, кој сепак треба да биде околу 100 милиони евра.