Баерн (М) со (не)возможна мисија во Париз

92

Уште само 90 минути му се потребни на францускиот гигант ПСЖ за да му се реваншира на актуелниот светски и европски клупски шампион, екипата на Баерн (М), за поразот во минатогодишниот финален натпревар од најпрестижното клупско натпреварување, Лигата на шампиони. Популарните „светци“ го направија првиот чекор, со 3:2 ја добија првата 1/4 финална пресметка сред Минхен, но предноста од еден гол не е гаранција за мирен натпревар на „Паркот на принцовите“. ПСЖ повторно ќе биде без услугите на италијанските интернационалци кои имаат коронавирус, Флоренци и Верати, но баварскиот гигант има далеку поголем проблем. Ханси Флик повроно ќе ги нема на располагање услугите на Роберт Левандовски, а под знак прашалник е и настапот на Никлас Шуле и Леон Горетцка.

  • Имам сериозен проблем кога е во прашање изборот на фудбалери за дуелот против ПСЖ. Мислам дека поголеми шанси за настап има Лукас Хернандез, иако станува збор за далеку поболна повреда во споредба со таа на Горетцка. Со Леон не смееме да ризикуваме, затоа што станува збор за мускулна повреда. Ќе видам дали ќе добијам зелено светло од докторите. Боатенг се пожали на болка во коленото, а силен удар доби и Кингсли Коман. Искрено се надевам дека не станува збор за ништо сериозно и дека ќе бидат поготвени за ПСЖ, изјави тренерот на Баерн (М), Ханси Флик.

На хартија, најлесна задача, кога се во прашање реванш 1/4 финалните дуели, би требало да има лондонскиот премиерлигаш Челзи. Избраниците на Томас Тухел имаат обврска на домашен терен да ја одбранат предноста од два гола остварена на првата меѓусебна пресметка против португалскиот претставник, Порто.

  • Мислам дека моите фудбалери ја сфатија пораката која им ја дадов после натпреварот во Португалија, Убаво им објаснив зошто го победивме Порто. Кога се браниме сите треба да се браниме, а кога напаѓаме сите треба да напаѓаме. Мора да функционираме како една целина, само така ќе бидеме поблиску до посакуваната цел. Многу сум среќен поради фактот дека создадовме дозволен број на шанси во првиот натпревар, но истото мора да го направиме и во Лондон. Ако ја повториме играта, тогаш ќе се пласираме во следната рунда, изјави менаџерот на „сините“, Томас Тухел.