Баерн (М) продолжи таму каде што застана

41

Германскиот бундеслигаш Баерн (М) на импресивен начин ја започна одбраната на тронот во најпрестижното клупско натпреварување, Лигата на шампиони. Избраниците на Ханси Флик не дозволија никакво изненадување на „Алијанц арена“ и со убедливи 4:0 го торпедираа шпанскиот гигант Атлетико (М). Јунакот од финалниот натпревар во Лисабон, Кингсли Коман, постигна два погодока, а во листата на стрелци се запишаа и Леон Горецка и Корентин Толисо.

За разлика од тие на Баерн (М), фудбалерите на Реал (М) нема по убаво да го паметат првиот натпревар во групната фаза. Четата на Зинедин Зидан одигра уште еден натпревар под очекуваното ниво и сосема заслужено со 3:2 беа поразени од гостинскиот тим на Шахтјор од Донецк.

Резултати: ГРУПА А: Салцбург – Локомотив М. 2:2, Баерн (М) – Атлетико (М) 4:0. ГРУПА Б: Реал (М) – Шахтјор Д. 2:3, Интер – Борусија М. 2:2. ГРУПА Ц: Манчестер С. – Порто 3:1, Олимпијакос – Марсеј 1:0. ГРУПА Д: Ајакс – Ливерпул 0:1, Митјиланд – Аталанта 0:4.