Баерн (М) подготвен за атомскиот напад на Ливерпул

73

Секоја чест за првиот меѓусебен дуел помеѓу фудбалерите на Лион и Барселона, но очите на фудбалската јавност денеска ќе бидат насочени кон “Енфилд”, каде играчите на Ливерпул ќе се обидат да остварат позитивен резултат во првиот 1/8 финален дуел од Лигата на шампиони против германскиот гигант Баерн (М). И покрај сериозните проблеми кои ги имаше на почетокот од сезоната, предводникот на баварскиот клуб, Нико Ковач, ја пронајде победничката формула која го врати во игра и за шампионската титула во Бундес лигата.

За разлика од Баерн (М), кој игра одлично во последниот период, Ливерпул имаше сериозни проблеми во последните првенствени натпревари каде ја преполови бодовната предноста која ја имаше пред второпласираниот тим во Премиер лигата, Манчестер Сити.

  • Честопати го гледам Баерн (М), сезонава можеби пет-шест пати. Сега имам детална анализа за противникот и можам да кажам дека се е квалитетно кај противникот. Станува збор за микс од квалитет и искуство. Шест пати по ред се шампиони на Германија, а тоа не е лесно. Не смееме да заборавиме дека во последните 10 години, Баерн (М) секогаш бил дел од 1/4 финалето, полуфиналето или играл во финалниот дуел од Лигата на шампиони, изјави менаџерот на “црвените”, Јирген Клоп.

Покрај Реал (М), на хартија, најлесен противник во 1/8 финалето од ЛШ, добија и фудбалерите на Барселона. И покрај одличната форма која го краси Олимпик од Лион во последниот период, каталонскиот гигант важи за апсолутен фаворит и се освен победа на Барса во првиот меѓусебен дуел ќе се смета како вистинска сензација. Двата тренера немаат проблем кога е во прашање здравствениот билтен, а според последните информации кои пристигнуваат од Шпанија, Барселона ќе нападне со триото Меси – Суарез – Дембеле.

  • Секој противник заслужува максимален респект. Многу е тешко да играш кога сите од тебе очекуваат убедлива победа. Нема да ни биде лесно, мора да го наметнеме нашиот стил на игра од самиот старт, изјави предводникот на Барса, Ернесто Валверде.