Баерн (М) има подобар тим од Барселона

52

Првиот дерби натпревар во новата сезона од Лигата на шампиони, помеѓу екипите на Барселона и Баерн (М) заврши со убедлив триумф на баварскиот гигант од 3:0. Бундеслигашот дојде до трите бода со двата погодока на Роберт Левандовски и тој на Томас Милер, а по натпреварот, тренерот на Барса, Роналд Куман, призна дека Баерн (М) има далеку поквалитетен тим.

  • Баерн (М) во овој момент има многу подобра тим во споредба со тој на Барселона. Постои голема разлика кога се во прашање играчите, но јас нема да кажам ништо лошо за моите фудбалери, немам никаква замерка. Имаме тим каков што имаме, но не смееме да заборавиме дека овој тим на Барселона е составен од млади фудбалери кои за две до три години ќе бидат многу добри, изјави предводникот на каталонскиот гигант, Роналд Куман.