Баерн имаше проблеми во првите 7-8 минути, потоа се адаптиравме

27

Тренерот на Баерн (M), Јулијан Нагелсман даде свое видување за победата од 3:0 над Барселона, синоќа во првото коло во Лигата на шампионите.

  • Мислам дека тимот одигра многу добро, ова е клучниот момент. Имавме проблеми во првите 7-8 минути кога не одигравме доволно храбро, но потоа направивме некои приспособувања. Секогаш е одлично да не примите гол. Во овој случај, постојат големи шанси за победа, земајќи ги предвид напаѓачките квалитети на нашиот тим. Неверојатно сум среќен што ги имам Роберт Левандовски и Томас Милер во тимот. Мило ми е што работам со суперѕвезди од светска класа, рече Нагелсман.

Ова беше седма победа за Баерн во десеттиот меѓусебен дуел со каталонскиот тим во Лигата на шампионите.