Кошаркарките на Бадел 1862 запишаа голема победа во втоиот круг од натпреварите во јадранската ВАБА лига, откако на сомашен терен славеа над фаворитот Триглав со 69:44.

За Баделки ова е прв триумф во втората фаза од натпреварувањето во ВАБА лигата, а до победата дојдоа благодарение на третата-четвртина која ја добија со 18-4. Најефикасни ај македонскиот претставник беа Максмовска и Трајчевска со по 15 поени, а солиден учинок имаа и Кметовска и Стојановска со 13, односно 12 коша.

Во следното коло, на 3. февруари, исто така во Скопје, Бадел 1862 ќе го пречека фаворитот за освојување на титулата во регионалната лига, екипата на Будуќност Бемакс.