Женскиот кошаркарски клуб Бадел 1862 го претрпе и петиот пораз во ВАБА лигата, откако на гости во Словенија загуби од Целје со убедливи 98:59. Причина за овој пораз на Баделки беше и повредата на неколку првотимки, пред се на Лазареска и Димова.

Словенечкиот тим ја имаше резултатската контрола во текот на целиот меч и на крајот сосема очекувано славеше.

Најефикасна кај македонскиот претставник беше Ивана Кметковска со 21 поен, додека Стојановска уфрли 17 коша.