Ако никогаш не сте пробале цвет од багрем, пробајте го следниов рецепт кој ќе ви помогне по приквечерната прошетка да уживате во брз, неочекуван и екстравагантен деликатес за заокружување на денот.

Потребно е:
• 20 парчиња багремов цвет
• Смеса за палачинки, прашак за печиво, ванилин шеќер, шеќер во прав
• Масло за готвење

Подготовка:
Направете погуста смеса за палачинки, така што ќе ги изматите жолчките со млеко и брашно измешано со малку прашок за печиво и многу малку сок, а потоа ќе ги измешате со претходно изматените белки. Во оваа смеса ќе го макнувате цветот од багрем и ќе го пржите на врело масло. Вака похуваните цветови наросете ги со шеќер во прав измешан со ванилин шеќер.

Во случај да сакате да го послужите багремовиот цвет како прилог, во смесата додајте малку повеќе сол. И се разбира, не го наросувајте со шеќер во прав.