Баба од Англија е опседната со Мурињо, има 38 тетоважи за „Специјалниот“

123

Госпоѓата Вив Бодикот која има 62 години, е најголемиот фан на Жозе Мурињо, а толку е опседната со него и луда по португалскиот тренер, што има дури 38 тетоважи со ликот на Специјалниот или пораки посветени на тренерот.

Госпоѓа Бодикот сите тетоважи ги направи од 2017 година наваму, и за овие помалку од три години, потроши повеќе од 2.000 фунти за тетоважите. Најновата е по повод потписот на Мурињо за Тотенхем, а првата беше кога од Челзи прејде во Манчестер јунајтед.

„Дефинитивно вреди, бидејќи го обожувам Жозе. Подготвена сум да потрошам и повеќе, веќе имам смислено што ќе направам во наредниот период” – изјави пензионерката.