Баба змеј: 84. годишна жена предизвика полицаец на натпревар во склекови/видео

133

Осумдесет и четиригодишната баба не може никој да ја сопре. Својата импресивна сила на тие години, одлучил да ја демонстрира на аеродромот во Феникс, пред да се качи на летот за Вашингтон.

Додека чекаше на ред за летот, облечена во униформа во Виетнамската војна, оваа ветеранка предизвика едно лице од обезбедувањето да прават склекови. Пред зачудените патници секој од нив направи по 10 склека и двајцата добија заслужен аплауз.