Од дома започнува семејната веселба, па продолжува во хотел со сите гости. Зетот и невестата се Охриѓани, Марија и Златко. Голема благодарност и до нив.

И во овие мрачни вирусни корона-времиња, не е се така црно, без разлика што црната чума се зададе. Позната и атрактивната фолкерка од Битола Татјана Стефановска не губи надеж, па искрено се надева дека нејзината најнова песната ќе биде одлично прифатена од јавноста и дека допрва после вонредната состојба ќе се пее на македонските свадби.Фолк пејачката Стефановска пред многу кус период го промовираше и спотот за нејзината најнова песна со наслов “На свадба ми дојдоа”. Татјана во песната пее за една невеста која ги чека нејзините блиски роднини и пријатели од туѓина, да дојдат и заедно со нив да се веселат. Пејачката неодамна гостуваше во познатото тв студио ИН и еве што кажа: -Снимањето беше во Охрид, со многу луѓе со многу статисти, но беше и многу напорно. Најпрво се снимаше во мојот дом, секако за да се прикаже една убава домашна свадбарска атмосфера. Од дома започнува семејната веселба, па продолжува во хотел со сите гости. Зетот и невестата се Охриѓани, Марија и Златко. Голема благодарност и до нив. Да барав толку убави лица за улогата на зет и невеста немаше да најдам, а ете ги најдовме.
Автор на музиката и аранжманот е Златко Миладиноски, а текстот го напиша Драган Матески. Песната е снимена во студиото на Дејан Момироски.Текстописецот по повод оваа песна остави свој коментар до пејачката и останатите соработници:
-Ми причинува големо задоволство што прекрасно ја интерпретираше и ја збогати со убав видео запис оваа наша убава песна. Се надевам дека ќе привлече големо внимание од народот овде и насекаде по светот. Направивме вистинска приказна за најубавиот момент од животот, свадбата на младите на која се канети сите мили роднини и пријатели кои како дел од македонската судбина ги имаме насекаде по светот…..
Д.Миќиќ  фото:фејсбук