Ако некогаш сте се прашувале дали сме сами во вселената, воопшто не се сметајте за чудак.

Над 379 илјади (до сега) луѓе се потпишаа дека ќе дојдат на Фејсбук настан за опсада на Областа 51 во Невада, САД, за „да проверат дали навистина има вонземјани“. Уште 396 илјади се најавија дека се заинтересирани.

Страницата ги кани заинтересираните на 20 септември да дојдат во Центарот на вонземјани Област 51, поточно во долината Амаргоса каде што има ресторан, продавница и бордел, на околу 50 километри од Лас Вегас.

Бидејќи до настанот има уште прилично многу време, корисниците на друштвените мрежи веќе почнаа да шпекулираат за тоа што би можело да има во строго забранетата зона на Воздухопловните сили на САД во пустината на Невада.

Оваа зона долго време е предмет на теории на заговор, со многу шпекулации дека токму тука американските власти ги кријат сите тајни за контактите со вонземјани.

Сепак, организаторите на настанот немаат намера да ја утврдат вистината, бидејќи на дното од страницата има објаснување: „Здраво Влада на САД, ова е шега, и всушност немаме намера да го спроведеме ова. Но, не се сметаме за одговорни ако луѓето навистина решат на упаднат во Областа 51“.