НАЈЛОШИОТ КОШМАР НА ВАГНЕР – ново моќно оружје на Киев ги ништи руските тенкови/ВИДЕО

325

Во средината на крвавата битка за Бахмут, се појавија снимки на кои се гледа како украинските војници користат ново оружје кои претставува кошмар за членовите на руската паравоена платеничка формација Вагнер, кои се борат во источна Украина.

Имено, се работи за автомобили камикази на далечинско управување преполни со експлозиви за да ги уништат руските тенкови.

Борбите се главно концентрирани во најисточните региони на Украина, во близина на Бахмут, кој поради интензивните борби кои се водат таму, го доби прекарот „мелница за месо“, пишува Дејли мејл.

Овие автомобили, попознати како „копнени камикази“ се користат за мета на руски цели. Нивната примена ја започна баталјонот Азов, кој, според локалните медиуми, активно учествува во одбраната на овој град.

Снимката, која првпат беше објавена како дел од документарниот филм за Третата јуришна бригада, покажува дека украинските војници подготвуваат возило на далечинско управување за битка.