Австралиските нуркачи успеале да снимат една сосема неверојатна сцена. Тие го фатиле моментот кога една голема бела ајкула гризе друга и и нанесува смртоносни повреди.

Драматичната снимка прикажува ајкула со должина од над три метри, која е нападната од многу поголема ајкула додека таа јаде мамка покрај рибарски чамец.

Бруталниот напад, кој бил фатален, завршил со голем угриз на средината на трупот на ајкулата жртва. Наскоро следел уште еден таков напад.

“Ова е огромна ајкула, долга 3 и пол метри. Но, погледнете ја само големината на тој загриз. Тоа е огромно. Тоа е огромна количина на енергија која ви е потребна за така да гризнете друга ајкула”.

“И сами морате да бидете прилично големи”, прокоментирал на снимката професорот Марк Микен од Австралискиот институт за поморски науки, за “National Geographic WILD”.

Микен истакнува дека сите ајкули се канибали – дури и големите бели ајкули. Поновите истражувања покажуваат ајкулите се јадат едни со други илјадници години наназад.