Група научници од Флорида заклучија дека ајкулите поседуваат систем за внатрешна навигација сличен на GPS кој им овозможува да ги користат магнетните сили на Земјата за прецизно да патуваат на долги растојанија.

Научниците го извеле ова истражување така што експериментирале со 20 ајкули од семејството на чекан-ајкулата со тоа што ги изложиле на таканаречено „магнетско поместување“ кои ги реплицира географските локации стотици милји од местото каде што биле фатени ајкулите.

Она што научниците го заклучиле е дека ајкулите почнале да пливаат на север кога, врз основа на магнетните сигнали, заклучиле дека се наоѓаат јужно од местото каде што треба да бидат.

Знаевме дека ајкулите реагираат на магнетни полиња, но не и дека сфатиле дека можат да ги користат како средство за навигација. Постојат ајкули кои можат да поминат 20.000 километри и да се вратат на истото место од каде што тргнале“, објаснуваат еден од авторите на студијата, Брајан Келер.

Тој смета дека ова се однесува и на други видови ајкули, бидејќи е малку веројатно само чекан-ајкулата да еволуирала до овој степен. А вакво однесување е забележано и кај морските желки, пренесува The Guardian.