Ацо Пејовиќ ослабел 13 кг и прележал коронавирус: Чекам нутриционист да ми дозволи да изедам некоја плескавица

180

Пејачот Ацо Пејовиќ  изминатиот период го прележа коронавирусот, а  тогаш и ослабе.

– Изгубив 13 килограми, но овие  денови вратив четири. И  да, прележав ковид-19. Најмногу го чекам месниот ден, а нутриционист да ми дозволи да изедам некоја плескавица. Имав корона и преживеав и немам финансиски проблеми. Зошто би имал? Ако работев и заработував 35 години, оваа една година можам да ја фрлам. Најважно е сите да сме здрави.

Ацо со намалените килограми / Фото: Инстаграм

Ацо вели дека е купохоличар и дека настапите не му недостигале, но нарачување на облека – да. Поради тоа си купил нови патики, а на разни начини нарачувал облека дури и преку автобусите кои доаѓале и заминувале. Потоа додаде дека подобро е јавноста да не знае колку пара нови обувки купил за време додека имал корона. Бидејќи за време на вирусот не смеел да консумира алкохол тој сега вели дека се вратил на алкохол, но во нормални количини.