Најконтроверзниот балкански пејач Аца Лукас наскоро станува дедо и тоа по втор пат, бидејќи девојката на неговиот син Лазар Вуксановиќ е бремена. Ќерката на Лукас пред три години на свет ја донесе малата Миња, кога пејачот премиерно стана дедо.

Наследникот Вуксановиќ до скоро работел како таксист во едно такси здружение, а сега ја промени професијата, па работи како оператор во кол-центар во една добра компанија.
– Тој е прекрасно суштество, покрај таков успешен татко, никогаш не би морал да работи. Може да ужива во луксузот, а сепак сака да заработи свои пари. Тие му се најслатки. Сè најдобро ќе кажам за Лазо, јас го обожавам, коментира една сосетка на Вуксановиќ. (Д.М.)