Српската естрадна мега-ѕвезда Аца Лукас очигледно се уште не може да се помири со тоа што ова лето неговиот охридски концерт не се одржа.

Не му е јасно како тоа можеше да се одржи концерт на Петар Грашо истиот ден на 1 август, а неговиот не.

-Медиумите силно го нападнаа мојот концерт, не заради оваа пандемија, туку затоа што во истиот ден беше закажан концерт на сплитската ѕвезда Петар Грашо. Јас се најдов во небрано.

Но да нема недоразбирање, упатувам сета почит за Петар, кој ми е инаку познаник и пријател, еден од омилените пејачи, нему на совест, како и на секој друг пејач кој ќе одржи концерт, но не заради мене, туку заради целата оваа ситуација….

Поставувам прашање: Во што е разликата меѓу мојот и неговиот концерт, мојот беше нападнат, а на Грашо не, неговиот се одржа, порачува Лукас преку српските медиуми.
Кој да знае, можеби Лукас и ќе го добие одговорот? До наредното лето има доволно време. А, и за среќа што Лукас не е злопамтило. (Д.М.)