Таа секое утро ни посакува добро утро или едноставно, симпатично ќе каже “Здраво, Македонијо“, всушност онака како што гласи насловот на Утринската програма на ТВ канал 5 во која Љубица Бубе Јаневска-Ивановска со своите колешки (Вера Мештеровиќ, Јелена Спенџарска и Билјана Дебарлиева) и колегата (Роберт Јанков), интересно ја води една од најгледаните македонски ТВ-емисии. Што би се рекло, водителката ич не е здодевна.

А, богами како што народот зборува, Љубица и добро издржува трпејќи секакви коментари на ТВ-гледачите кои дискутираат секојдневно на актуелните социјални состојби во државата. Логично дека покрај својата комуникативност Бубе привлекува и со својот шарм, со изгледот кој е многу важен за секој што се занимава со телевизијата, кој е ТВ-лице.
Но, јавна тајна е дека самата Бубе не секогаш била задоволна со изгледот. И тоа само поради вишокот на килограмите, за кои во една прилика кажа дека „фаќала кривини” да си замези со нешто, а оние домашните кифлички особено ја предизвикувале“!

Оваа наша популарна водителка решена да влезе во војна со вишокот килограми, сите нè потсети со една фотографија од пред “само“ 9 години, самите да се увериме дека кога се сака, сè се може. Бубе забележително ослабна, во меѓувреме се омажи, стана мајка, но стана и многу поатрактивна. Се стави самата себеси на посебен режим на исхрана и тоа со помош на нутриционист.

Па, сега споредете која Бубе повеќе ви се допаѓа, онаа некогашната или оваа сегашната? Доколку нас нè прашате, ние искрено велиме, дека годините не и можат ништо на ТВ-водителката и дека сега си е многу позгодна. Рака на срце, како девојче од оние омилените модни списанија. Дали сме во право?                                                  Д.М.   фото:Инстаграм/Канал 5