Ахмети до Бејли: Кога и да се вратиш во Македонија ќе најдеш конак во мојот дом

63

Претседателот на Демократската Унија за Интеграција Али Ахмети, приреди проштален ручек за Американскиот Амбасадор во Македонија Џес Бејли, кој од должност заминува во почетокот на месец март.

Ахмети и Амбасадорот Бејли направија ретроспектива на четиригодишната соработка и на постигнувањата на земјата во овој период.

Соговорниците исто така разменија мислења околу Демократската Унија за Интеграција и за перспективите во наредните две децении, членството во НАТО и ЕУ, реформите, претседателските избори, како и за дијалогот помеѓу Косово и Србија.

Ахмети изрази благодарност до Амбасадорот Бејли и неговата подржувачка улога за излез од кризата и чекорењето  кон евроатлантската интеграција. г. Бејли има дадено извонреден придонес за денешните постигнувања и г. Ахмети истакна благодарност истакнувајќи дека заедно кризата ја претворивме во можност и таа можност ја искористивме на најдобар можен начин за доброто на граѓаните.

Во овој период се затвори спорот со Грција и Бугарија, се постигна јазичната еднаквост, де факто сме членка на НАТО и очекуваме во јули да добиеме датум за почеток на преговорите за членство во Европската Унија. Но, останува да се направат уште многу работи, како реформата на органите за безбедност, администрацијата и владеењето на правото.

На крај, Ахмети истакна дека кога и да се врати за да ја посети Македонија, Амбасадорот Бејли ќе најде конак во неговиот дом и неговото семејство.