Ахмети до Бејли: Кога и да се вратиш во Македонија, ќе најдеш конак во мојот дом

44

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, приреди проштален ручек за американскиот амбасадор во Македонија, Џес Бејли, кој од должност заминува во почетокот на март.


Ахмети и амбасадорот Бејли направија ретроспектива на четиригодишната соработка и на постигнувањата на земјата во овој период.
Соговорниците исто така разменија мислења околу Демократската унија за интеграција и за перспективите во наредните две децении, членството во НАТО и ЕУ, реформите, претседателските избори, како и за дијалогот помеѓу Косово и Србија.
На крај, Ахмети истакна дека кога и да се врати за да ја посети Македонија, амбасадорот Бејли ќе најде конак во неговиот дом и неговото семејство.