Ахмети: Време e за потполна рамноправност

57

Се има свој почеток, се започнува со еден сон. Сите ние имаме свои сништа, за нашите деца, за нас, за земјата. Ние Албанците сонувавме за слобода, за рамноправност и се боревме овојсон да стане реалност. Кога веруваме во нешто, ние сме спремни да жртвуваме се, порача лидерот на ДУИ Али Ахмети. Предлогот за прв премиер Албанец, првиот интегративец го соопшти преку видеообраќање.

Охридскиот Договор се спроведува. Албанскиот јазик веќе има рамноправен и службен статус исто како и нашето знаме. Преспанскиот Договор е потпишан и Уставот е изменет. Ние сме полноправна членка на НАТО и преговараме за членство во Европската Унија.Денес, повеќе од било кога, Албанците предводат раководни позиции како претседатели на Врховен и Уставен суд, министри за одбрана и внатрешни работи заедно со клучни државни институции како и претседателот на Собранието, порача ахмети  во  видеообраќањето кое  го сподели на неговиот фејсбук профил/

Но сепак, ова не е доволно, вели Ахмети. Сега е време сонот да продолжи. Време е за поголеми сништа, затоа што дојде време да постигнеме повеќе.

-Сега е време за потполна рамноправност, за превземање на одговорноста за раководење! Време е за првиотПремиер Албанец во Северна Македонија!

Некои можат да ја наречат оваа идеја неостварлива. Некои можат и да ја потсмеваат нашата доверба во остварување на сонот на многу Албанци. Сепак,  и тоа е добро. Кога некој ти го одрекува сонот, те поттикнува да работиш уште повеќе за да го оствариш, порача ахмети.

И, ако само пред неколку години ќе им речевме дека ќе дојде време кога претседателот на Собранието на Северна Македонија ќе биде Албанец, многумина од нив немаше да поверуваат, како што не веруваат ниту денес, заврши претседателот на ДУИ.