Ахмети бара премиер Албанец во првата година од мандатот на новата влада

116

Али Ахмети инсистира во првата година премиерот да биде Албанец, а во следните 3 од четиригодишниот мандат премиерот да биде од СДСМ, објави ТВ 21, повикувајќи се на неофицијални извори.

Дел од медиумите објавија дека дополнителен проблем е тоа што Ахмети бара повеќе и позначајни функции, бидејќи освоил повеќе пратеници во однос на претходните избори.