„Афера на векот“: Франција осудена да ја поправи штетата предизвикана од непочитување на обврските за климата

61

Во февруари, судот пресуди во корист на четирите организации кои покренаа тужба, прогласувајќи ја државата „одговорна“ за прекршување на сопствените обврски, преземени особено во рамките на договорот од Париз. Парискиот управен суд, денесka, ја осуди француската држава, за нејзините недостатоци во борбата против глобалното затоплување, јави дописникот на МИА.

Правдата пресуди во „Аферата на векот“. Државата има рок до 31 декември 2022 година да ја поправи еколошката штета што таа самата ја предизвика од непочитување на нејзините обврски, истакнува здружението „Нотр афер à Тус“, кое преку иницијативата „Афера на векот“ ја одведе државата на суд заради неисполнетите обврски за намалување на емисиите на стакленички гасови.

Во февруари 2021 година, судот пресуди во корист на четирите организации кои ја покренаа оваа жалба – Нотр Афера à Тус, Фондацијата Никола Хулот за природа и човек (ФНХ), Гринпис Франција и Оксфам Франција-, прогласувајќи ја државата „одговорна“ за прекршување на сопствените обврски, направени особено во рамките на Парискиот договор. Невладините организации потоа побараа од судот да и наложи на државата да преземе мерки за санирање на оваа штета.

Ова е одлучувачки ден за климатската правда. Победивме во „Аферата на векот“! Француската држава е осудена да „поправи еколошка штета и да спречи понатамошна штета“. Неговата климатска неактивност е широко санкционирана, напишаа на твитер овие организации.

Во декември 2018 година, четирите организации започнаа петиција со наслов „Клима: престанете со неактивноста, побарајте правда“, која надмина милион потписници за 36 часаи ги удвои за нешто повеќе од три недели. Во март 2019 година, тие поднесоа жалба пред Парискиот управен суд.

„Случајот на векот“ е особено инспириран од преседан во Холандија во 2015 година, каде што судовите наредија државата дополнително да ги намали емисиите на стакленички гасови.