Атракција вредна за Гинис во Дубаи/ВИДЕО
Новата водена атракција се простира на 7.327 квадратни метри, осветлена е со 3.000 ЛЕД светилки, а 7.500 млазници ја фрлаат морската вода, што циркулира директно од Персискиот залив, без потреба од резервоар или опрема за нејзино филтрирање до 105 метри во височина. „Фонтаната на палмите“ се наоѓа во трговскиот центар Поан на вештачкиот остров во облик на палма. Дубаи покажа дека туризмот и во време на пандемија на Ковид-19, му е на прво место. Така, на спектаклот по повод пуштање во употреба на новата најголема фонтана во светот присуствуваа неколку илјади луѓе, но со почитување на епидемиолошките мерки.