Атрактивната Диjана жртва на сајбербулинг

223

Атрактивната италијанска судијка, Диjана Ди Мео, која има 22 години, јавно се пожали дека била жртва на сајбербулинг. Таа на својот инстаграм профил раскажа дека веќе подолг период на интернет кружат неколку видео-клипови и фотографии од неа кои се со експлицитна содржина. Таа тврди дека тој материјал на никого го нема испратено, односно, дека нејзиниот мобилен бил хакриран и така е украдена содржината која ја чувала само за себе.

  • Две недели патење, но сега повторно можам да дишам. Не знам кој ги шири моите приватни клипови, но убедена сум дека мојот мобилен е хакиран. Мислам дека со помош на вируелната меморија од мојот мобилен, се украдени тие материјали. Истите беа постирани на најразлични чатови, луѓето си ги препраќаа еден на друг, за да на крај, истите завршат на OnlyFans. Можеби, некаде сум го оставила мојот мобилен без да внимавам на него, а тоа беше доволно некој мојот живот да го претвори во вистински пекол. Јас добро знам дека луѓето кои ја шрат, нудат таа соржина, на некој начин се богатат. Имаше и такви кои намерно ширеа апсурдни гласини. Ми пишуваа на Фејсбук и на Инстаграм. Веќе поднесов пријава и сакам тие луѓе да ги погледнам во очи. Јас сум жртва на едно злосторство. Нема да се откажам се додека не бидат пронајдени и казнети тие кои ми го направија ова, изјави судијката од Пескара.