Новата АТП листа ги налути некои тенисери, меѓу кој и Норвежанецот Холгар Рун, кој смета дека со промените на правилата бодувањата воопшто не биле фер. Рун „удри“ по АРП во својата објава на друштвената мрежа Инстаграм. Жалејќи се дека неговиот пласман на ранг листата многу полош отколку што би требало да биде, доколку АТП не ги менувала правилата.

Тениската асоцијација на професиналци (АТП) во 2020 и 2021 константно ги менува правилата на бодување сдреде пандемија на коронавирусот, зараду што многу играчи успеваа да го одржат високиот пласман, иако не беа активни.

Ова особено се однесува на Швајцарецот Роже Федерер, кој се до почетокот на оваа недела беше во Топ 10 најдобри тенисери во светот, иако во последните 22 месеци одигра само 19 натпревари.

-Вие знаете дека сум многу вреден и дека обично не се жалам. Оваа година напорно работевза да ги остварам своите цели и да влезам во Топ 100. Но АТП постојано ми го отежнуваше тоа на мене и на многу други малди тенисери, поточно заради тоа што го зџамрзна ранкингот од 2019 година. Ова значи дека некои играчи на АТП имаат исти поени и покрај тоа што не играат како резултат на замрзнатиот ранкинг, изјави Рун и додаде:

Гледајки на вообичаеното бодување од пред две годни, јас сега би треебало да бидам на 62. место, а не на 124. Далие е ова важно? Да, бидејќи кога сте амбициозни и напорно равботите, важно е да бидете наградени. Со тој танкинг би бил во можност да играм подобри турнири и би чувствувал дека мојот труд се испалтел. Се чувствувам уморно и луто, само затоа што сметам дека овој систем не е фер, порача Рун