Организацијата на професионални тенисери АТП одлучи да им помогне на играчите и за таа цел го објави новиот пакет на мерки во време на пандемијата со коронавирусот.

Станува збор за финансиска помош за турнирите од серијата АТП 250 и АТП 500, а во последен момен го променија и системот на бодување.

Поточно ќе биде продолжен досегашниот систем на бодување преку кој на тенисерите им се сметаат најдобрите резултати од претходната година и сето ова ќе биде на сила до 9. август годинава. Резултатите од турнирите кои се играа од 4 март до 5. август 2019 година, а кои не се одржани во 2020 ќе важат уште една година, но овојпат само со педесет проценти

Ова значи дека на тенисерите ќе им останат запишани или резултатите кои ќе ги остварат на овогодинешните турнири, или оние од 2019 година, ама намалени за педесет проценти. Така резултатите на победнкот од мастерс серијата 1.000 ќе бидат намалени на 500, доколку не успеат да ја одбранат титулата или да се пласираат во финалето.

Ова значи дека мастерсите во Мајами и Индијан Велс од 2019 година ќе му носат бодови на Роже Федерер уште една година. Резултатите од Ролан Гарос, Кицбил, Хамбур, Рим и Ролан Гарос исто така ќе се сметаат уште една година, бидејќи овие турнири не се играа во своите стандардни термини.

Сите резултати пред Вимблдон исто така ќе се сметаат и затоа се претпоставува дека вообичаеното сметање на бодовите ќе продолжи на 16. август 2021 година на мастерсот во Синсинати. Нормално, доколку нема нови промени до тогаш.

Првите големи турнири на кои ќе се применува ова правило се Индијан Велс и Мајами, а кога ќе се види кој колку бодови брани, станува јсано кого штити АТП.

Ѓоковиќ на двата турнири брани само 125 бода, исто така загарантирани ну се 62,5, како и Данил Медведев. Рафаел Надал има загарантирани 180 бода, а Доминик тим 505 бода. Но, отскокнува Роже Федерер, кој ќе успее да спаси дури 800 бода. Ваквиот начин на бодување на Швајцарецот ќе му овозможи без да игра уште една година да остане во Топ 10 тенисери во светот.