Асоцијацијата на тениски професионалци (АТП) од 11 јули воведува огромни реформи во „белиот спорт“. Имено, во пробен период од овој датум за првпат ќе почне да се користи „коучинг“ на мечевите.

Условите за тренерите на натпреварите: тренерот мора да седи на предвидено место, во „боксот“ на играчот, комуникацијата е дозволена само во случај ако не ја прекинува играта, вербална комуникација е дозволена само кога играчот е на иста страна, невербална коомуникација е константно дозволена, тренерот не смее да разговара со играчот кога тој ќе го напушти теренот, казните остануваат на сила при прекршување на правилата.

Се очекува овој тип на комуникација да се користи и на САД Опен и завршниот Мастерс во Торино, а по крајот на сезоната АТП ќе одлучи дали ќе го задржи правилото.