Атиџе од “Медена земја“ ќе добие работа во општината Лозово

91

Атиџе Муратова, главната хероина од македонскиот документарен филм „Медена земја“ ќе биде работно ангажирана во општината Лозово и нејзината куќа ќе добие нов покрив, потврди градоначалникот на општината, Ацо Велковски.

“По завршување на турнеите и земањето на оскарите, Атиџе ќе биде работно ангажирана во општина Лозово“, рече Велковски.

Додаде дека и ветил оти нејзините две песни ќе бидат обработени целосно со музички аранжман и ќе може да ги испее и сними професионално во музичко студио.

„Медена земја“ е во трка за најдобар документарен и за најдобар интернационален филм на свеченото доделување на најпознатата филмска награда, што ќе се одржи на 9 февруари во Лос Анџелес.