Атина: Убиени водачите на црногорскиот нарко клан (видео)

131

Вчеравечер во ресторан во Атина се убиени двајцата водачи на таканаречениот шкаљарски клан од Котор.

Се претпоставува дека се ликвидирани од припадници на Кавачки клан, исто така од Котор, бидејќи убиените Стеван Стаматовиќ и Игор Дедовиќ се бараат со потерница за обид за убиство на Војин Ступар и Милош Радоњиќ. Двајцата убиени се со богато криминално досие.

На товар им се ставаат бројни ликвидации, вооружени пресметки, изнуди и рекетирање. За Дедовиќ  се зборува дека шверцувал кокаин вреден 300 милиони евра.Тој важеше за најбогат човек во Црна Гора, а во сопственост имаше десетици луксузни станови на црногорското крајбрежје, автомобили и друго нелегално стекнато богатство. Бил страв и трепет во Црна Гора.

Грчката јавност е шокирана од бруталната ликвидација пред семејствата на убиените, и пред сѐ, пред бројните гости во популарниот атински ресторан ,,Воскопула“. Сведоците раскажувааат за грчките медиуми дека сѐ се случило за триесетина секунди, а убијците маскирани влетале во полниот ресторан и ладнокрвно рафално ги убиле двајцата Црногорци кои вечерале со нивните семејства. Ликвидацијата се случила пред очите на нивните деца, раскажуваат шокираните гости. Ранета е една жена која е итно пренесена во болница.

Во последните 5 години во меѓусебна пресметка меѓу двата клана се убиени најмалку 30 нивни членови.