Атанасовски подари прочистувач за воздух на ОУ „Киро Глигоров“ 

428

Претседателот на Управниот одбор на јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“, Дарко Атанасовски се откажа од својот неколкумесечен надомест и го пренамени во донација.

Тој им подари на дечињата од општинското основно училиште „Киро Глигоров“ прочистувач на воздух. Сега и тие ќе дишат поквалитетен воздух за време на нивниот престој во училиште.

Од ЈП „ПОЦ“ се надеваат дека ова ќе биде убав пример кој ќе го следат сите и на тој начин заедно ќе придонесеме за поздрава иднина на помладите генерации.