Македонскиот претставник во Европската лига, Еурофарм Пелистер продожи договорот со еден од најталентираните ракометари во клубот Павле Атанасијевиќ. Атанасијевиќ (19), кој игра на позиција бек ја игра третата сезона во  битолскиот клуб, прва во тимот кој го предводи Ларс Валтер. Новиот договор е со важност до јуни 2026 година. Со овој потпис продолжува трендот на битолчани за задржување на најталентираните млади македонски ракометари, откако нови договори потпишаа и Костески, Кузманоски и Ѓорговски.

-Дојдов пред три години и тоа беше ново искуство за мене. Со тек на време секоја година по година прогресив сè  повеќе и повеќе. Прво започнав со тренерот Александар Јовиќ, кој ме упати, а потоа новиот тренер Ларс Валтер ми укажува на грешките и прави да бидам подобар играч. Ми дава мотив да напредувам и да играм подобро, рече Атанасијевиќ.