Асфалтиран крак од улицата „51“ во населеното место Стопански Двор

53

Екипите на ЈП “Улици и патишта” деновиве го асфалтираа десниот крак од улицата „51“ во населеното место Стопански Двор во општина Ѓорче Петров.

Кракот од улицата „51“ е на вкупна површина од 490 квадратни метри и истиот е со должина од 140 метри и широчина од 3,50 метри. Во наредните денови ќе се работи на изградба и на останатите два краци од улицата „51“, на која се вршат подготовките на површината за асфалтирање.

Од почетокот на оваа градежна акција, асфалтирани се улиците „46“, „46А“, „68“, „4“, „6“ и „10“ во населеното место Кисела Јабука, улиците „3“, „бб“, „73“, „21“, „23“, „77“, улица „100 десен крак и крак 1 крак 2 и крак 3 од улица „81 во населеното место Волково, како и улица 1 лев крак и улица 1 десен крак во населеното место Ново Село.

ЈП „Улици и патишта“ – Скопје и во наредниот период продолжуваат со интензивните активности за изградба на над 20-тина нови улици во населените места во општина Ѓорче Петров.