Астролошки компатибилни – Кој е вашиот најдобар пријател според хороскопскиот знак?

525

Астролошката компатибилност важи и кога станува збор за пријатели, а не само за романтични партнери. Дознајте кој хороскопски знак најмногу ви одговара како најдобар пријател.

Астролошката компатибилност не е секогаш 100 проценти точна, но често постојат знаци кои се цврсто компатибилни едни со други и се совршено пријателско дуо. Прочитајте кој хороскопски знак е вашата идеална пријателски сродна душа:

Овен

Ако сте припадник на овој знак, сигурно не ви е непознато чувството дека сите други околу вас се чудни, а вие сте нормални. Овните се вистински извор на креативност и оригиналност, спонтаност и искажување емоции. Исто така, познати се по нивните двигатели и амбицијата, што често може да се претвори во нетрпеливост, а со самото тоа и во претерана реакција. Својот најдобар пријател Овенот лесно ќе го најде во Вагата, што лесно ќе ги држи приземјени и ќе им помага да останат рационални.

Бик

Луѓето родени во знакот Бик се озлогласени поради нивната тврдоглавост. Иако нивните јасно дефинирани ставови и желбата да не отстапуваат ниту милиметар од своите принципи често значи дека влегуваат во конфликт со одредени луѓе, а таа желба ги прави да бидат и најупорните и највредни луѓе. Тие се добронамерни и логични и истовремено се олицетворение на нивната сила на волјата. Како најдобар пријател на Бикот се истакнува Рибата, припадникот на еден од најмирните и дипломатски знаци во Зодијакот. Рибите се познати по нивната верност и несебичност, а тоа во пријателството ќе внесе дух на спонтаност и мечтаења.

Близнаци

Припадниците на овој знак се креативни и сочувствителни луѓе што реагираат брзо и непромислено на се’. Како најдобар пријател за нив се издвојува Водолијата, затоа што и двата знаци се спонтани, неоптоварени и можат да уживаат во мали нешта. Ако Близнакот западне во некоја од неговите „лоши епизоди“, Водолијата е тука да го извлече со нејзиниот хумор, но и да се повлече ако им треба простор.

Рак

Припадниците на овој знак се луѓе што најмногу сакаат дружење во домот, а повеќе би сакале да имаат еден вистински пријател, отколку 10 половични. Тие не копнеат за внимание и големи случувања, тие уживаат во ситници, во чувството на лојалност и посветеност. Времето што им е посветено само ним мошне им е важно, а ако долго време не го добиваат стануваат мрзоволни. Како најдобар пријател во Зодијакот им се наметнува Стрелецот, со оглед на тоа што Раковите се интровертни, а Стрелецот е нивната удобна спротивност. Исто така, во заедничкото друштво ќе уживаат во филозофирање и во анализи на себе си, но и на другите.

Лав

Припадниците на овој знак се едни од најдоминантните луѓе во Зодијакот, а слично како и животното што ги симболизира, тие имаат вроден нагон да бидат главни во друштвото, па најчесто имаат многу луѓе околу себе си што сакаат да им бидат пријатели. Имаат силна волја и харизматична личност, а како најдобар пријател во Зодијакот им се наметнува некој што е роден во знакот Јарец. Додека Лавовите се повеќе егоистично ориентирани, Јарецот се покажува како несебичен пријател што им помага да се избалансира дивата природа на Лавот.

Девица

Припадниците на овој знак ги краси шарм, харизма и способност да ги воодушеват другите во комуникацијата. Иако делуваат притаено, тие ги снимаат и ги проценуваат луѓето, а особено им посветуваат внимание на оние што ги сметаат за послаби од себе си. Но, како најдобар пријател им се наметнува некој што е многу погласен од нив – Овенот во чиешто друштво уживаат, а чиј ентузијазам ги поттикнува да бидат попродуктивни и погласно да го бараат она што го сакаат.

Вага

Припадниците на овој знак секогаш тежат кон некоја рамнотежа, а ги ценат интелегенцијата, убавината и шармот. Друштвениот живот им е една од темелните потреби и важен дел на нивниот живот, но понекогаш не ги филтрираат добро луѓето што се околу нив. Како најдобри пријатели од Зодијакот им се наметнува Лавот, кој всушност е доста сличен со нив и со кого меѓусебно се надополнуваат.

Скорпија

Еден од најмистериозните знаци во Зодијакот. Храбар во начинот на пристап кон луѓето, па и кон животот, Скорпијата е некој што лесно не им пружа на луѓето увид во неговите најдлабоки мисли, а оној што станува нивен пријател мора да им се докаже на голем број начини. Освен тоа, секоја навреда и разочарување ќе имаат потреба да го вратат. Како најдобар пријател им се наметнува Водолијата, која е подеднакво храбра како нив, а ги поттикнува да бидат помалку резервирани, а повеќе опуштени.

Стрелец

Припадниците на овој знак се познати по нивниот ентузијазам, по неверојатната волја и хуморот. Обично секогаш се насочени на некоја цел и не сакаат да губат време на она што според нив се глупости. Со оглед на тоа што делуваат силно и креативно, тие сакаат да бидат окружени со исти такви луѓе. Како најдобар пријател од Зодијакот им се наметнува Јарецот, затоа што токму тој го дели нивниот менталитет „не ме интересираат с*ања“ во што совршено се разбираат и меѓусебно ќе се потпираат во нивните животни планови.

Јарец

Припадниците на овој знак се познати по нивната нагласена интелектуална страна, систематичност, организираност и практичност. Иако не сакаат да бидат на мета на критики и обично имаат одбранбен механизам во односите, како пријатели се мошне несебични и лојални. Како најдобар пријател од Зодијакот им се наметнува Стрелецот, со кого што лесно се опуштаат, но и подеднакво сериозно филозофираат со чашка вино и од тој однос и двајцата имаат корист.

Водолија

Припадниците на овој знак, иако делуваат мошне приемливо и секогаш насмеано, всушност се многу резервирани со емоциите. Не бараат многу внимание од луѓето, а понекогаш делува како тие да им се претерано важни – секогаш ќе имаат пријатели, но и подеднакво ги менуваат. Сепак, тие копнеат за константа во нивниот живот, а токму во тоа им помага нивниот најдобар пријател од Зодијакот – Бикот. Тој ги приземјува, ги потсетува на чувството на одговорност, а со сопствената тврдоглавост ќе ги потсети дека треба да бидат упорни.

Риби

Припадниците на овој знак делуваат смирено, собрано, па и безгрижно, што понекогаш може да претставува и проблем ако тие доблести се претворат во маани. Од Зодијакот како најдобар пријател им се наметнува Скорпијата, затоа што делува позитивно на нивните мечтаења и анализата на луѓето. Лесно пронаоѓаат заеднички јазик и хоби, а секогаш меѓусебно ќе си помагаат во неволја.