Ѕвездите и месецот на раѓање можат да влијаат на убавината на личноста. Така, се чини дека ѕвездите се најмногу наклонети кон следните три хороскопски знаци. Тие важат за најубавите знаци во Зодијакот.

Вага

Многумина се сложуваат дека во знакот на Вага се раѓаат најубавите луѓе. Вагите се префинети и отмени и ретко кога имаат некакви недостатоци како голем нос, криви заби и слично. Тие се привлечни и зрачат со посебна убавина.

Шкорпија

Шкорпиите имаат многу впечатливи лица. Често зрачат со посебен сексапил кој се карактеризира со полни усни, убава коса и заводливи очи. Ретко која Шкорпија има проблеми со тежината или кожни неправилности.

Јарец

Јарците, а особено жените родени во овој знак, имаат препознатлива фигура на песочен часовник и истакнати облини. Најчеста моќна физичка карактеристика им е прекрасната насмевка, но и тоа што секогаш изгледаат уредно и дотерано.