Тимот на Астон Мартин објави дека го ангажирал еден од најважните инженери на шампионскиот тим на Мерцедес, Ерик Бландин. Станува збор за инженер кој беше главен на одделот за аеродинамика, а од следната година ќе работи на развивање на болидите на Астон Мартин.

Бландин беше главен во однос на аеродинамиката во тимот на Ред Бул од 2005 до 2009 година, кратко беше во Ферари, а од 2011 година доби ангажман во Мерцедес, екипата која ги освои последните седум титули во Формула 1.