Асад: Сирија ќе одговори на агресијата со сите легитимни средства

40

Сирија ќе одговори на турската агресија во кој било дел од нејзината територија „со сите легитимни средства”, изјави сирискиот претседател Башар ал Асад.

Асад изјавата ја даде за сириските медиуми откако Дамаск и Сириските демократски сили предводени од Курдите постигнаа договор за одбрана од нападите од Турција.

Минатата недела, Турција започна операции во североисточна Сирија со образложение дека се насочени кон упориштата на Курдите, кои ги смета за терористи и закана за нејзината безбедност.